Силно невреме беснееше во Штип

Силно невреме направи хаос во Штип. Град и силен ветер попладнево го зафати Штип, а засега нема штети од невремето, но земјоделците од штипското село Лакавица велат дека вчера доцна попладнето град со големина на  орев им ги столчил житните култури, градинарските производи и тутнот.

Владе Маџовски, жител на село Лакавица изјави  дека штетите се големи.

- Има оштетени и покривни конструкции, има и дрвја паднати покрај реката, а струја немаме од вчера, рече Маџовски, пренесе МИА.

Портпаролот на Општина Штип Драган Ристов информираше дека од утринава веќе четворица земјоделци побарале комисија за проценка на штетите да излезе на терен, а во текот на денот очекуваат и останатите жители да поднесат барања. 

17.06.2014 - 15:13
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега