ПОБРЗАЈТЕ: Истекува рокот за плаќање на сметките за вода без камата

На крајот на овој месец истекува можноста за корисниците кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен или редовен) да може да го отплатат без пресметана камата за задоцнето плаќање.

Плаќањето може да се изврши на благајните на ЈП Водовод и Канализација-Скопје, во целост, или со склучување на договор на рати. Она што е важно и што претставува дополнително олеснување за корисниците е фактот што доколку долгот се отплаќа на рати, трошоците за нотарска заверка на Договорите за рати, се на терет на самото претпријатие, а не на корисниците.

Oд ЈП Водовод и канализација апелираат до сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода, да го искористат рокот кој е до крајот на овој месец и да ги подмират своите долгови без камати и нотарски трошоци.

Исто така, на крајот на овој месец истекува рокот и за бесплатно евидентирање и легализирање на бесправно приклучени корисници на водоводниот систем. Граѓаните треба да приложат документ за докажување на сопственост или некоја друга сметка што ја плаќаат и да поднесат соодветно барање до ЈП Водовод и Канализација-Скопје. Досега граѓаните за оваа услуга плаќаа 7080 денари, а сега, се до крајот на Јуни, истата може да ја искористат бесплатно.

17.06.2014 - 13:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега