Ахмети му испрати писмо на Расмусен

 

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети му испрати писмо на генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен. Тој во писмото се заблагодарува за средбата која ја остварија за време на неговата посета на Скопје, како и за писмото кое Расмусен му го испратил на 2.јуни.

-Како што раговаравме за време на нашиот состанок, сите постигнувања на земјава по Охридскиот Мировен Договор, се резултат на заедничката инвестиција на меѓународната заедница и на локалните лидери. Но, крунисувањето на сите овие постигнувања сериозно се отежнува од нерешениот спор за името со нашиот јужен сосед Грција што ги попречува нашите стремежи за членство во НАТО и ЕУ.

За нас, НАТО нема алтернатива. Затоа, се сложувам со вас дека времето за НАТО е сега и дека се очекуваат храбри и визионерски одлуки од страна на политичарите затоа што само така се придонесува за оддржлив мир, стабилност и сигурност, добри меѓуетнички и меѓусоседски односи како и економски развој. Решението на спорот е многу значајно не само за земјата, туку и за Западен Балкан, исто како што и договорот помеѓу Косово и Србија влијаеше позитивно врз целиот регион.

Изразувајќи ја мојата почитт, ве осигурувам дека ние остануваме ваш посветен партнер во постигнувањето на оваа цел и ја користам оваа прилика да повторам и да ја нагласам потребата за итното вклучување на меѓународната заедница во олеснувањето на процесот што е можно поскоро, стои во писмото од Ахмети.

15.06.2014 - 12:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега