Прва бродска линија меѓу Охрид и Поградец
На пристаништето во Охрид во вторник свечено ќе биде одбележано воспоставувањето на првата бродска линија меѓу Охрид и Поградец.
Kако што информираат од Министерството за транспорт и врски, се работи за чартер линија, која во текот на туристичката сезона ќе служи за превоз по воден пат на заинтересираните туристи од Охрид во Република Македонија до Поградец во Република Албанија и обратно.
15.06.2014 - 12:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа