Каде е летото? До четврток чадорите секаде со вас
Недела уште рано наутро ќе започне со умерена облачност која повремено и локално ќе носи врнежи. Но, пообилни и зачестени врнежи се очекуваат во текот на попладнето. Попладне врнежите локално ќе бидат пообилни и проследени со грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во границите од 12°С до 16°С.
Максималната температура ќе биде пониска во однос на сабота и со вредност околу 26°С низ населените места во западниот регион, и до 27°С во котлините во источното. Долж повардарието температурата на воздухот ќе биде во границите од 27°С до 29°С.
Вредноста на УВ индексот ќе биде 7.
Во скопската котлина ќе има умерена облачност и повремен дожд, кој попладне ќе ќе биде поинтензивен и проследен со грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 14°С. Максималната вредност на температурата ќе достигне 27°С.
Слично време не очекува се до четврток. За секој ден се најавуваат врнежи и грмежи и температури до 26 степени. Од среда, температурите ќе бидат во благо опаѓање а од идниот понеделник се најавуваат нови горештини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа