Какво ќе биде времето утре?

Времето во Македонија утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, a попладне облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, понекаде и во форма на невреме со изолирана појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 26 до 33 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со појава на пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер, а можна е и појава на град. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

Во недела времето во попладневните часови ќе биде нестабилно.

13.06.2014 - 16:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега