Во паника скокнале од прозорец - пациент се самозапали во болница во Србија

60-годишен пациент чиј идентитет не се открива предизвика вистинска паника во болница во Србија. Пациентот кој лежел на одделот за психијатрија, откако бил разбуден од болничарот за да се напие апчиња, земал весници, ги ставил на своите нозе и ги запалил.

Како што јавува српскиот Ало, овој хорор се одвивал вчера во општата психијатриска болница во Лесковец, а случајот го забележал болничарот кој го разбудил пациентот. Тој почуствувал чад, па откако влегол во собата, најпрво ги разбудил другите двајца пациенти кои биле во неа, при што едниот од паника веднаш скокнал низ прозорецот, а другиот побегнал низ вратата. Потоа, болничарот со ќебе го изгаснал пожарот.

Пациентот се здобил со страшни изгореници од втор и трет степен, особено на гениталиите. Веднаш бил пренесен на интензивна.

Според податоците на Ало, до сега тој два пати имал обид за самоубиство во својот стан, при што бил донесен во психијатриската болница.

12.06.2014 - 09:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега