Страсно се бакнувале на тераса - заедно заминале во смрт
Трагедија го потресе светот. Момче и девојка кои решиле да се препуштат на страстите, за жал заедно заминаа во смрт.
Во луксузен стан во Лондон, млад пар излегол на терасата и се препуштил на страстите. Соседите велат дека сето тоа било невкусно, но во еден момент откако влегле во своите станови, додека момчето и девојката се уште се бакнувале и прегрнувале на терасата, одеднаш слушнале силен звук како нешто да паднало.
Една од соседките, сведок на настанот, вели дека видела што се случило. - Момчето ја крена девојката и ја седна на оградата од терасата. Потоа се бакнуваа, но во еден момент таа се лизна, а тој сакајќи да ја фати падна по неа, вели таа.
Момчето имало 19, а девојката 18 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа