Ивановски на Светскиот самит за информатичко општество во Женева

 Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски од денеска до 13 јуни ќе учествува на  Светскиот самит за информатичко општество што ќе се одржи во Женева. Ивановски ќе присуствува на Самитот на покана на генералниот секретар на Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ), Хамадун Туре.

Предвидено е да бидат усвоени два документа, кои ќе се однесуваат на спроведувањето на резултатите од самитот.

На самитот чиј домаќин е Меѓународната телекомуникациска унија, а меѓу другите поддржан и од УНЕСКО, УНДП, Конференцијата на Обединетите Нации за трговија и развој (УНСЦТАД), ќе учествуваат претставници на владини институции, приватниот сектор, невладини и меѓународни организации. 

10.06.2014 - 08:34
Фото: 
mio.gov.mk
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега