Продолжуваат борбите во источниот дел на Украина

Борбите во источниот дел на Украина продолжуваат и покрај вчерашните најави на шефот на државата Петро Порошенко за прекин на судирите, а од Славјанск и Мариупољ стигнуваат информации за загинати и повредени лица.

Според медиумите, украинската војска врши артилериски напади врз Славјанск, каде има жртви, а гранатите оштетиле црква, зградата на Градскиот совет, штабот на самопрогласената „народната милиција“, болница, училиште и станбени згради. 

Поради претходно оштетување на водоводот и далноводот, снабдувањето на градот со струја и вода е во прекин.

Денеска првпат се воделе борби и во центарот на градот, при што загинале најмалку пет луѓе.

Во Мариупољ војската извршила напад на аеродромот, кој е под контрола на проруските сепаратистички сили.

Се уште нема конкретни извештаи за бројот на жртвите, освен дека тројца војници се повредени во експлозија на бомба.

09.06.2014 - 16:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега