Шок во МЗТ Аеродром: Збогум Зоран Мартич

Словенецот Зоран Мартич ја прекина соработката со МЗТ Скопје Аеродром, објави македонскиот шампион на својот Фејсбук профил.

- МЗТ наскоро ќе добие нов тренер, Зоран Мартич го напушти македонскиот шампион, соопштија денеска од клубот од Аеродром.

Мартич пред пет дена го предводеше МЗТ Скопје до третата шампионска титула, а сезонава под негово водство „штрковите“ го освоија и Купот на Македонија.

Словенецот на тренерската позиција во МЗТ беше поставен два месеци по почетокот на новата сезона. Тогаш Мартич го замени Влада Вукоичиќ. Во АБА лигата МЗТ со Мартич имаше ефект 8-8 (победи-порази), а во последното коло пропушти шанса со победа да го освои 6.место и да обезбеди настап во Еврокупот.

На официјалната веб страна на МЗТ Скопје неодамна имаше информација дека клубот и Мартич потпишале нов двегодишен договор, па поради тоа денешниот прекин на соработката предизвика изненадување кај спортската јавност

09.06.2014 - 12:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега