Македонија - рај за инвеститори од автомобилскиот сектор
Автомобилскиот сектор во Европа во првиот квартал од годинава забележал раст од 4,5%, што може позитивно да се одрази и врз домашната економија во насока на зголемување на можностите за влез на нови странски инвестиции во земјава, анализира Лидер.
Во Македонија веќе има неколку странски компании кои работат во индустријата за производство на автокомпоненти за разни типови возила: „Џонсон Мети“, „Џонсон контролс“, „Кромберг и Шуберт“, „Технохозе“, „Кемет електроникс“, „Ван Хоол“, „Дрекслмајер“, „КСС“ во Кичево но, и германската „Техникал Текстил“,која најави влез во земјава.
Директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо потврдува дека Македонија е надежнаи конкурентна дестинација за автомобилската индустрија. Тој вели дека автомобилската и индустријата со електроника се најмобилни индустрии во светот кои постојано трагаат по поконкурентна локација, а Македонија во моментов е земја која нуди поволни услови за инвестирање.
-Ако ја земеме на пример Европа кон средината на осумдесеттите, голем број од автомобилските компании како за производство на автомобили така и добавувачите, прво се преселија на Пиринејскиот полуостров, во Шпанија и Португалија. Со отварањето на Источна Европа, почетокот до средината на деведесетите, тоа беше случајот со Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, постепено и Романија, сега го гледаме трендот дека и од таму се сели производството, од неколку причини, прво голем број на компании се веќе влезени во тие земји така што расположливоста на работната сила е драстично намалена не само заради тоа што голем дел од луѓето се вработени туку и заради тоа што постои емиграција на соодветен кадар кон Западна Европа, Германија Велика Британија и сл..но истовемено трошоците во тие земји се драстично зголемени, она што беше конкурентно во средина на 90-те, сега не е доволно, вели Мизо за Лидер.
Според првиот човек на ТИРЗ, главните поволности кои се се клучни при донесувањето на одлуката да се инвестира во земјава се поволната и стабилна бизнис клима поддржана со ниски трошоци за водење бизнис, но и активната промоција и квалитетот и расположливоста на ценовно-конкурентната работна сила.
-Дополнително што арапската пролет и сосотојбите во Украина ги намалуваат можностите за нови трошковно конкуренти дестинации, но истовремено дестинации каде што има соодветна работна сила и тука се повеќе ние влегуваме во игра а важно е што овој процес на привлекување странски инвестици од 7 години сега конечно се гледаат резултатите, објаснува Мизо.
Дополнителен импулс, додава Мизо, во насока на привлекување нови инвестиции во овој индустриски сегмент даваат и знаците на заздравување на автомобилската индустрија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа