Благодарница од македонските граѓани до болницата во Тирана

 

Во знак на благодарност за грижата и професионалноста покажани при згрижување на македонски граѓани, вршителот на должноста амбасадор Љуфтим Спахиу ѝ врачи благодарница на директорката на Универзитетската болница за трауматологија во Тирана, Едлира Боде.

На средбата, на која присуствуваше и првиот секретар Радмила Стојмировска, Спахиу ја истакна континуираната поддршка на болницата во итни случаи, особено во текот на туристичката сезона.\

„Оваа соработка го зајакнува партнерството меѓу двете земји во областа на здравството“, рече Спахиу, нагласувајќи ја посветеноста на болничкиот персонал и редовната комуникација со амбасадата за текот на лекувањата.

Болницата оцени дека признанието претставува чест и поттик за продолжување на ангажманот во заштитата на секој живот, без разлика на националноста.

21.05.2025 - 17:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега