МВР ги стресе гостиварските села

Полицијата продолжува да ги “лови“ лицата кои нелегално престојуваат или работат во Македонија.

Во полициската акција која била спроведена вчера наутро во гостиварските села Чајле, Форино и Чегране, биле откриени 12 албански државјани кои нелегално работеле како надничари во земјоделието и градежништевото. Сите се депортирани во матичната земја.

- При идентификацијата на лицата, на возраст од 20 до 40 години било констатирано дека немаат валидни документи или пак имале забрана за влез. Ниту еден од нив го немал регулирано престојот во земјава, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово за МИА.

По извршените разговори со лицата во соработка со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, вчера попладне сите биле депортитани во матичната земја. 

08.06.2014 - 11:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа