606 граѓани ќе добијат субвенции за сончеви колектори

 

606 граѓани кои денеска беа избрани на јавното извлекување, ќе добијат субвенции закупени сончеви колектори од Министерството за економија. За субвенционирањето се наменети шест милиони денари.

Досега 2.000 граѓани поднеле барања за државна помош во износ од 30 проценти за инсталација на овој вид обновлива енергија.

- Оваа субвенција изнесува 30 отсто од вкупната инвестиција, но не повеќе од 300 евра по домаќинство. Ова е шести пат на извлекување што значи дека од досегашниот период ваква субвенција добиле 2.415 семејства во Република Македонија, изјави Виолета Каскарова од Министерството за економија.

Анализите покажуваат дека едно семејство кое што има вграден соларен термален колектор на годишно ниво може да заштеди 2.400 киловат-часа електрична енергија,  односно околу 13.000 денари.

Јавниот повик за државната помош за купен и вграден соларен колектор беше распишан на 24 јануари и траеше до 31 мај 2014.

07.06.2014 - 15:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега