500 полицајци утре ќе воведуваат ред во северниот дел на Косово

Околу 500 косовски полицајци утре ќе бидат ангажирани во северниот дел на Косово, каде за првпат ќе се одржат парламентарни избори.

Регионалниот шеф на Косовската полиција, Жељко Бојиќ истакна дека регионалната косовска полиција „Митровица-Север“ изработила оперативен план со кој е предвидено ангажирање на 476 полициски службеници за време на парламентарните избори, пренесува Танјуг.

- Во близина на секое гласачко место ќе бидат ангажирани голем број полициски службеници, кои ќе имаат за цел да се грижат за безбедноста на сите граѓани. Освен тоа ќе биде зголемен и бројот на пешачки и мобилни патроли, рече Бојиќ.

Освен косовската полиција, за безбедноста на парламентарните избори во Косово ќе бидат ангажирани и ЕУЛЕКС и војниците на КФОР.

07.06.2014 - 15:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа