Откриена формулата за подготовка на совршена пица

Иако станува збор за специјалитет чиј што рецепт секој мајстор најстрого го чува, математичарката Евгенија Ченг од Велика Британија ги надминала сите пица-мајстори, создавајќи формула за совршена пица.

Според Ченг, која предава на Универзитетот во Шефилд, најважно за вкусот е да се одреди идеалната количина на тесто и состојки, а покрај состојките, таа во својата пресметка го вклучила и бројот на вкусови кои што човек може да ги препознае во еден залак. Така, во пиците кои што ги правиме дома, на едно парче со радиус од 28 центиметри, има 10% повеќе состојки на тестото отколку на парче од 35 центиметри. 
"Луѓето кои што прават пица дома би можеле истата да ја уништат со додавањето на премногу состојки, затоа што тестото ќе им биде чудно", истакнала Ченг. Големината на пицата е обратно пропорционална со дебелината на тестото, па така, кај големите пици тестото е најчесто потенко. 

Тајната на совршената пица е во однос на тестото (t) и состојките (n), кои што најчесто зависат од големината на пицата, пред се затоа што кај помалата пица во еден залак луѓето може да почувствуваат повеќе вкусови, додека пак кај поголемите пици вкусовите се распоредуваат по површината на тестото. 

Количината на состојки во еден залак, според Ченг, не зависи само до дебелината на тестото, туку и од односот на тестото и состојките, па таа ја претставила и формулата за совршена пица:

Во формулата "t" е константа на волуменот на тестото, "n" се состојките, а "r" е радиусот на пицата. Остатокот од формулата е најдобриот можен размер помеѓу тестото и состојките. Така, на пица со обем од 35 центиметри, добиваме идеална крцкава кора од осум милиметри, а на онаа од 28 центиметри, дебелината на тестото изнесува 13 милиметри. 

Рецепт за совршена пица 

Потребни состојки за тестото:

 500 грама брашно
Еден свеж квасец од 42 грама
125 милилитри топла вода
Лажица сол

Лажица маслиново масло

Подготовка на тестото:

Дел од брашното ставете на работната маса и во средината направете мала дупка, каде што ќе го ставите квасецот и ќе ја додадете водата, па на крајот ќе го замшате тестото. Оставете го тестото покриено околу десет минути, се со цел истото да нарасне. 

Потоа додадете го преостанатото брашно, солта, маслото и сето тоа добро измешајте го. Имајте во предвид дека тестото се подготвува од меко брашно, а се развлекува со поостро брашно.

На крајот оставете го тестото покриено на топло место околу 30 минути, се со цел истото дополнително да нарасне. Потоа размесете го повторно на површина наросена со брашно или премачкана со масло, или пак на хартија за печење со која што ќе го обложите и самиот сад за печење. Направете мали топчиња од тестото, кои што потоа со помош на рацете во округлите садови за печење ќе ги формирате во тесто за пица. 

Подготовка на филот за пица:

Пицата може да биде мрсна и преполна со јаглехидрати, меѓутоа истата може да биде и здрав оброк со потребните витамини и минерали. Така, белото брашно заменете го со интегралното, кое што е богато со антиоксиданци. 

Пиперките се преполни со бета-каротен, витамин Ц и ликопен, моќен антиоксиданс кој го спречува настанувањето на одредени болести, а шунката, колбасиците и другите мрсни месни состојки можете да ги замените со пилешко. 

Доколку на пицата и додадете и малку спанаќ, истата ќе ја збогатите со железо, а доколку сакате да внесете и поголема количина на витамин Ц, не заборавајте пиперка. Димен лосос, туна, кисела зелка, рукола, артичока, печурки и маслинки... Сето тоа се здрави намерници кои што одлично се вклопуваат како додаток за пица. 

Одберете ги омилените здрави состојки и претворете ја пицата во оброк за кој вашето тело ќе ви биде благодарно. Избегнувајте ги замрзнатите готови пици затоа што тие во себе ја содржат целата препорачана дневна доза на сол, а заситените масти кои што ги содржат овие пици се доволни за дури и неколку денови. Она што е уште посериозно е тоа што според најновите истражувања, дел од состојките потребни за организмот, готовите пици воопшто и ги немаат.

Извор: Точка

06.06.2014 - 11:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега