Екстерното оди како “под конец“ - учениците полагаат втор предмет
Денеска почнува полагањето на вториот предмет од екстерното тестирање. Како и досега, вели министерот за образование и наука Спиро Ристовски, процесот минува без проблеми во системот.
Ристовски информираше дека учениците кои првиот предмет го полагале во понеделникот, денеска го полагаат вториот предмет. До 10-ти јуни во просек ќе полагаат по 50.000-55.000 ученици дневно.
Министерот очекува екстерното тестирање да заврши во најдобар ред.
05.06.2014 - 15:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа