Трилече торта

Еве што ви е потребно за Трилече торта

Пандишпан

6 јајца

300 гр шеќер

1 ванила

1 пециво

300 гр брашно

Прелив од млеко

1 л млеко ( пожелно е она со 3.5% масленост)

750 мл слатка павлака

250 мл млеко во прав

За премачкување

Карамела или чоколадо

Подготовка

Белките изматете ги со шеќерот цврсто како шлаг, потоа полека додавајте ги жолчките  и продолжете со матењето додека смесата не се соедини. Додадете го брашното заедно со пецивото и измешајте со голема лажица или со жица за матење. Смесата истурете ја во подмачкан со путер и набрашнет плех
Печете во загреана рерна на 200 степени првите 10 минути, а потоа намалете ја температурата на 180 и печете го уште 20 минути.
Оставете го да олади (но не премногу, треба да биде млак). Во меѓувреме измешајте ги сите видови на млеко. Речиси оладениот пандишпан превртете го на крпа и во плехот ставете половина од измешаното млеко. Во него ставете го пандишпанот така превртен и над него до турете го останатото млеко.
Оставете го да впие од млекото околу 2 часа. Потоа исечете го на коцки, покријте го со фолија, и ставете го во фрижидер неколку часа добро да се разлади.

По потреба можете да го премачкате со стопена чоколада или карамела.

05.06.2014 - 13:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега