Стипендии за усовршување или постдипломски студии во Јапонија

Македонските државјани можат да конкурираат за стипендии за усовршување или постдипломски студии во Јапонија, кои ги доделува јапонското Министерство за образование, култура, спорт, наука и технологија (Monbukagakusho) за 2015 - 2017 година. 

Стипендиите, како што информира денеска Министерството за образование и наука,  се наменети за кандидати кои сакаат да се усовршуваат или да ги реализираат постдипломските студии во Јапонија, во област која е сродна со областа на нивните претходни универзитетски студии. 

На избраните стипендисти ќе им биде покриена школарината, ќе добиваат месечен надомест од околу 143.000 јапонски јени и ќе им биде обезбеден повратен авионски билет.

Освен условот да се државјани на Република Македонија, кандидатите не треба да се постари од 35 години во времето на отпочнување на престојот во Јапонија. Треба да имаат стекнато универзитетска диплома или да се пред завршување на студиите (да дипломираат до март или септември 2015 година), да бараат усовршување во својата или сродна научна област и да се согласни да го изучуваат јапонскиот јазик.

Сите подетални информации и формулари може да се најдат во конкурсот, објавен на порталот за стипендии на Министерството за образование и наука: www.stipendii.mon.gov.mk.

Краен рок за пријавување на сите заинтересирани е 13 јуни.

04.06.2014 - 16:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега