ЕКСКЛУЗИВНО: Обвинетите од „Лепак“ се спогодија да одат во затвор

 

Три години затвор ќе треба да одлежи првообвинетиот во случајот „Лепак“, раководителот на граничниот премин Ново Село Стојан Лазаров, дознава Пресс24. Тој и останатите обвинети во големиопт случај за криумчарење текстил преку граничниот премин Ново Село, се спогодиле со обвинителството околу казната и ја признале вината.

Второобвинетиот цариник прифатил да одлежи две години и седум месеци затвор, додека за останатите обвинети цариници казната изнесува 2 години затвор.

За лицата кои беа осомничени за криумчарење на стоката казните се движат од 6 месеци до една ипол година во затвор.

Со овој судски случајс е постигнува своевиден рекорд. Завршен е експресно за помалку од 90 дена.

Акцијата Лепак на граничниот премин Ново Село кај Струмица беше спроведена на 8ми амрт годинава. Тогаш МВР уапси 14 лица од кои 7 вработени во царината.

Одговараа за шверц на текстилна стока која ја набавувале од Бугарија и Грција и која преку овој граничен премин стигнувала до голем број струмички текстилни продавници.

 

04.06.2014 - 11:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега