Радост за најмалите - вечерва почнува фестивалот „Калинка“
Во Гевгелија вечерва почнува детскиот фестивал „Калинка 2014“ што ќе трае до 7 јуни.
За време на годинашниот фестивал ќе бидат изведени 14 композиции од македонски автори за детски песни кои ќе бидат во конкуренција за престижни награди.
Организаторите информираа дека во текот на неделата ќе се одржуваат претпладневни концерти за учениците, а завршните концерти ќе се одржат во петок и сабота со почеток од 20 часот
03.06.2014 - 18:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа