Груевски: Народот го казни СДСМ со 200.000 гласа разлика

СДСМ во минатото многу ветуваа, а ништо не исполнија. Затоа, народот ги казни со 200.000 гласа разлика. Ова го изјави премиерот Никола Груевски во интервјуто за Македонската информативна агенција.

-Втор значаен проблем за нив беше довербата во она кое го говорат, која доверба односно недоверба се базира на нивното минато и како партија и како индивидуалци. И за тоа се самите виновни. Многу ветуваа и неисполнуваа. Вие погледнете, Заев изгуби и во неговата општина каде е актуелен  градоначалник и каде пред една година, иако со тесен резултат го доби мандатот од граѓаните. Она што е важно е дека народот покажа витинска зрелост. Не само што не подлегна на манипулациите на клеветите на Заев, туку го казни со еден од најсилните порази на СДСМ со над 200 илјади гласа разлика. Македонија не е истата од деведесеттите, вели Груевски.

03.06.2014 - 13:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега