Неверојатен пресврт во случајот со киднапираното дете од Чаир

Целата потера со киднапирањето денеска било детска измислица за да се спаси од неволја, јавува Република.

Според информациите 12 годишник бил киднапиран од двајца маскирани кои со кршење на вратата влегле во стан на бизнисмен во скопски Чаир. Во домот останал помалиот брат.

Всушност, 12 годишникот тајно земал 120 евра од дома. Како начин да се спаси од неволја заради украдените пари од дома, ја измислува приказната со киднапирањето, а истото го убедува и помалиот брат.

12 годишникот всушност заминал кај вујко му.

Но, кога слушнал дека веста се рашири по медиумите и дека е вклучена цела полиција да го бара, самиот се вратил.

 

Целата сторија за лажењето ја раскажал пред психолог во МВР.

30.05.2014 - 23:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега