Оставките на СДСМ во црвената папка на Заев - ВМРО-ДПМНЕ обвини за дезориентираност

 

Со групна фотографија за спомен, опозицијата се прости од Собранието. 33 пратеници за прв и последен пат во овој мандат влегоа во законодавниот дом. Нивните оставки во црвена папка ги донесе лидерот Заев.  Му недостигаше онаа на Роза Топузовска Каревска, која јасно му кажа дека политиката на бојкот веќе не поминува и најави дека ќе се врати на работа во Собранието. Нервозен, под жешкото сонце, Заев рече дека опозицијата нема да биде дел од Парламент кој според него не бил по волја на граѓаните

Заев рече дека опозицијата останува на ставот, дека неговата партија ќе учествува само на избори кои ќе ги организира техничка влада, иако актулената ја има поддршката на повеќе од две третини од макеоднските гласачи. Тоа што ниту еднаш не дојдоа во Собранието, за Заев не треба да биде пречка неговите пратеници во наредните месеци да живеат на грбот на граѓаните кои ќе им плаќаат по 1000 евра месечно за апанажа.
За ВМРО-ДПМНЕ нема дилема дека опозицијата свесно одработува за Грција. 

Димовски потсетува дека и Заев и Жерновски, добија градоначлнички мандати на последните локални избори кои беа организирани под исти услови, но и двајцата цврсто се држат за своите фотелји и не размислуваат за оставки.

Сепак, ова прашање било отворено во опозициските редови на вчерашниот состанок на раководството со пратениците кои поднесоа оставки. Тоа била и една од причините за жестока кавга во која од Заев се барала гаранција за нова кандидатура на следните парламентарни избори кои опозицискиот лидер ветил дека ќе се случат за 6 месеци.

Оваа изјава Заев денеска не сакаше јавно да ја потврди. Рече дека не знае кога ќе има избори но знае дека сите кандидати од последниот циклус, ќе останат на политиката на бојкот.

28.05.2014 - 23:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега