ВИДЕО: Историски момент кој ќе се памети - Папата му ја бакна раката на патријархот!
Папата Францис оддал најголема чест со тоа што ја бакнал раката на Вселенскиот патријарх Бартоломеј, откако се молеле заедно во Ерусалим.
Двајцата црковни лидери заедно биле во Светата земја, како некогаш Папата Павле VI и Патријархот Атенагорас, во 1964. година.
По потписот на декларацијата во која се повикува на приближување на Римокатоличката и православната црква, Франсиско и Бартоломеј одржале заедничка молитва во црквата на Исусовиот гроб во Стариот град на Ерусалим.
Потоа насамо го посетиле гробот на Христос, и заедно се помолиле. По говорот на Бартоломеј, папата го бакнал во рака.
Ова е историска случка, со која папата му оддал почит на патријархот, а светските медиуми ја пренесуваат оваа вест во контекст на тоа колку работите се смениле во односите на двете цркви.
Медиумите потсетуваат дека денес папата самиот од почит го направил овој гест, додека пред 100 години патријархот Јосиф II бил принуден да ги бакне нозете на папата Јуџин Четврти како знак на подреденост.
Светските агенции оценуваат дека ова е историски момент за христијанството, бидејќи католиците и православните христијани никогаш не биле толку блиски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа