Тропски горештини во Чешка

 

 

Метеоролози во Чешка  денеска во Плзењскиот регион, во западниот дел на земјата ги измериле  првите тропски температури годинава, кои не се вообичаени за овој период од годината.

Во градот Болевец и Домажлице се измерени 30,5 степени Целзиусови што е највисока температура во земјата.

Досегашниот рекорд на температурата на воздухот на овој датум бил постигнат во 2007 година кога живата во термометарот се искачила на 29,9 степени. Невообичаено високите температури придонесоа да бидат регистрирани топлотни рекорди во 16 мерни станици распоредени во земјата, меѓу кои и главниот град, каде на мерното место Клементин се измерени 29 степени Целзиусови.

Тропски температури околу 30-тиот степен во Чешка се очекуваат и утре, по што за време на викендот се предвидува заладување.

22.05.2014 - 19:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега