Македонија испрати по 100 илјади евра помош за Србија и БиХ
Владата на Република Македонија од државниот буџет денеска исплати 12,2 милиони денари како помош за штетите настанати од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина.
Од помошта за двете земји се исплатени по 6,1 милион денари, односно по 100 илјади евра, информираат од Министерството за финансии. Владата одлучи сите средства кои што ќе бидат собрани врз основа на отворените телефонски линии за донација, да бидат до денар исплатени како хуманитарна помош за Босна и Херцеговина и за Србија, односно државата нема да го задржи ДДВ-то, туку тој ќе биде пренаменет како хуманитарна помош.
Од Министерството велат дека ова е време кога треба да се покаже солидарност со граѓаните на Србија и Босна и Херцеговина и кога секоја помош е добредојдена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа