Односите меѓу Лондон и Москва разнишани- принцот Чарлс го навреди Путин

 

Односите меѓу Лондон и Москва се разнишани по информациите дека принцот Чарлс во изјава неумесно го споредил Путин со Хитлер.

Како што пишуваат лондонските медиуми, принцот Чарлс за време на посетата на Канада, разговарал со Маријана Фергусон, 78-годишна жена која на 13 години побегнала од нацистите, а целото семејство го загубила во Холокаустот.

- „А Путин сега го прави речиси истото што тогаш го правеше Хитлер“, рекол притоа принцот Чарлс. „Бев многу изненадена кога го кажа тоа, со оглед на тоа што знам дека членовите на кралското семејство не треба да изнесуваат такви коментари, но овој беше многу искрен“, потврдила и Фергусон.

Ваквата изјава предизвика остри реакции во јавноста, особено официјална Москва побара објаснување од Лондон за оваа скандалозна изјава.

-„Ако тие зборови навистина се изговорени, тоа секако не му служи на чест на идниот британски монарх“, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Александер Лукачевич.

22.05.2014 - 15:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега