Жена повредила крокодил- еве што му направила
Крокодил од еден руски циркус е повреден кога една од вработените, тешка 120 килограми, падна врз него во текот на патувањето со мини-бус низ арктичкиот предел на земјата, пишуваат локалните весници.
Два метри долгиот крокодил Феѓа се здоби со повреди кога жената која работи како сметководител во циркусот падна од седиштето при наглото свртување на возилото.
Вработените во циркусот од Мурманск се загрижени за рептилот кој од претрпениот шок повраќал цели три часа.
Жената се здобила само со полесни повреди, но е прекорена што не се врзала со појасот.
Феѓа во меѓувреме се опоравува и сега чека во Москва да стане ѕвезда на руската телевизија, изјави директорот на циркусот, Васили Колос.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа