Гугл изрази сочувство за жртвите од поплавите
Во знак на жалост поради жртвите од поплавите во БиХ и Србија, на почетната страница на националните домени .ba и .rs, Google постави знак на жалост, а сето ова поради успешната иницијатива на сите граѓани од регионот.
Оваа одлука на компанијата следеше откако огромен број на луѓе од целиот Балкан, но и ширум светот испратија апел за помош за да се обидат да спасат колку што е можно повеќе животи.
Во текстот на пораката која беше пратена до компанијата е наведено дека е потребна нивната поддршка за катастрофалните поплави во кои илјадници луѓе останаа без своите домови.
Една од најсилните пораки во апелот до Google беше онаа дека граѓаните на БиХ, Србија и Хрватска за првпат после војната се соединети кон една цел - да преживеат.
На оваа иницијатива Google одговори позитивно и во знак на сочувство го постави знакот на жалост на локалните домени, каде можете директно да добиете информации за тоа каде да донирате средства за помош.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа