Годинава плодна за играчите на Ново Лото 7/34

Вчера во одржаното 41во коло за 2014та година, од играта на среќа НовоЛото 7/34, се постигна добивка 6+1 која на среќниот играч за уплатени 65 денари му донесе добивка од 437.583,00 денари.


Ливчето со добитните броеви е уплатено во продажното место на Државна лотарија на Македонија, обележано со СРЕЌНО МЕСТО - ТОЛЛАКС на плоштад Македонија во Скопје. Играчот одиграл 3 кобинации ( секоја по 15 денари) и уплатил еден џокер ( 20,00 денари).

Во 2014та ова е 4та добивка 6+1 од кои првата беше остварена во јануари со добивка 405.966,00 денари, втората во февруари со добивка 475.412,00, а третата во април со добивка 509.725,00

Во текот на оваа година во месец март во колото реализирано на 1ви март се постигна 7ка која на среќниот играч му донесе премија вредна 22.601.906,50 денари.

Играта НовоЛото 7/34, со оглед на бројот на редовни играчи е најомилената игра на граѓаните на Република Македонија кои со мали учества на своите среќни броеви им даваат шанса  да им донесат големи парични добивки.

Извлекувањата на добитните броеви од играт ана среќа НовоЛото 7/34 се реализираат секоја среда и сабота со убавата водителка Марјана Станојковска на ТВ Сител од 20:00 часот. Државна лотарија на Македонија со приредувањето на по две кола неделно, секоја среда и сабота им овозможува на играчите на оваа игра на среќа, нови шанси за добивки. За четири години од приредување на оваа игра на среќа до сега добивме шест добитници на 7ка од кои најмалата добивка изнесуваше 6.000.000 денари а најголемата 22.601.906,50 денари.

Играта НовоЛото 7/34 како и другите игри на среќа на Државна лотарија на Македонија е достапна на над 200 уплатно исплатни места обележани со знакот СРЕЌНО МЕСТО. 

22.05.2014 - 11:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа