"Децата очајно плачеа по мајките" - потресни приказни од поплавите

Секојдневно се објавуваат нови приказни од поплавените подрачја во Србија и БиХ за кои е сигурно дека оставија длабока лузна кај загрозените. Таква е и приказната на 67-годишната Зорица Драгичевиќ од Обреновац.

-Евакуирани сме во саботата. Ноќта беше страшна. Од надвор слушав очајни повици за помош и гласно викање на спасувачите кои прашуваа дали има некој. Со чамец се пренесуваа прво децата и бебињата кои гласно плачеа. Несреќните деца викаа по своите родители. Слушав тапи удари во вода, вели Драгица.

Таа вели дека лузна што засекогаш ќе остане во нејзиното сеќавање е силен плач на бебето од соседните куќи, кое едвај спасило жива глава.

22.05.2014 - 10:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа