Украден трансформатор на ЕВН - направена штета од 600.000 денари
Во демирхисарското село Граиште е украден трансформатор на ЕВН со што е направена штета од 600.000 денари.
Сторителите го исклучиле доводот на струја кон пумпите за вода и го демонтирале и одзеле трансформаторот, по што заминале во непознат правец.