Мамо боли ли кога ќе се удавиме- уште една потресна приказна од Србија

Неможам да го опишам тоа чувство кога мојата ќеркичка ме прегрна вечерта измеѓу петок и сабота, кога водата толку многу надојде и можевме да се спасиме само со помош на чамци, а во тој момент мојата ќерќа ми рече: Мамо јас сега навистина се плашам, боли ли кога ќе влезе вода во телото? Мислејќи на тоа дека ќе се удавиме. Најлошото сега пројде, најважно е што сме живи и здрави, ја тешам мојата малечка дека се ќе биде добро, мора да биде. Ние мајките сме лавици... вака ја започнува својата потресна приказна Марјана Ненадиќ за српскиот магазин Ало.

Марјана која во саботата со своите две ќерки Јована(14) и Лена(9) беше евакуирана од  основното училиште “Јефимија”

-Мојата Лена од страв престана да јаде, да пие а престана и да зборува вели Марјана.

Рано изутрина во петокот слушнавме сирени. Од нашата куќа во Обреновац отидовме да се засолниме кај нашите кумови чија куќа е на соседната улица. Таму немаше ни капка вода, но за неполни 40 минути надојде речиси пола метар вода. Во тој момент дојдоа спасувачите.  Тие им помогнаа на мајка ми е болна и кумата е со инвалидитет. Кога видов дека ситуацијата станува алармантна ги фатив децата за раце и ги одведов во училиштето, каде останавме до саботата.

- Училиштето беше полно со луѓе. Ние бевме во соба од околу 10 квадрати со уште шест лица во неа. Се сеќавам дека собиравме пари да купиме вода од продавницата преку улица, но вода немаше. Добар дел од денот бевме без храна и вода, дури утрината кога дојдоа спасувачите и црвениот крст го добивме она што ни беше најнеопходно.

За среќа се заврши добро, куќата ние срушена, слушнав дека некои познаници и се удавиле од стаотните поплави, па среќа е што ние сме живи и здрави вели Марјана. 

21.05.2014 - 14:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа