Додека во Европа се намалува - во Македонија расте вработеноста

Според Евростат во 2008 година, кога кризата стартуваше, бројот на вработените на возраст од 20 до 64 години во земјава изнесувал 46,3%, а лани 2013 година достигнал 50.3%. Кај 28-те земји-членки на Европската унија се забележува опаѓање на оваа стапка, која во 2008 година изнесувала 70,3%, а лани паднала на 68,3%. Како што пишува Вечер, европската должничка криза не остави големи последици врз македонската економија во делот на вработувањата.

Слична е состојбата и кај вработувањата на возрасната група од 55 до 64 години, иако во овој 5-годишен период на криза, рецесија, стабилизација се регистрира просечен раст кај овие вработувања. Таа во 2008 година просечно кај земјите-членки на ЕУ 28 достигнал 45,5%, а во 2013 година има благ раст од 50,1%. Растот се регистрира и кај вработувањата во РМ, каде стапката од 31,7 во 2008 година е забележано зголемување на 37,9%.

Вкупниот број вработени лица, согласно со последните расположливи статистички податоци во земјава изнесува 685.479 лица, што претставува зголемување од 119.186 лица во однос на 2006 година. Во периодот од 2007 до 2013 година само преку различни активни програми и мерки за вработување опфатени се вкупно 54.958 невработени лица и се постигнати уште нови 30.524 вработувања, пишува Вечер.

Македонската влада очекува дека годинава околу 10.000 нови работни места ќе бидат отворени што, пред се, се должи на инвестициите на странските вложувачи во земјата. Но, според проценките за следните 4 години, се очекува тие да достигнат и до 40.000 нови вработувања. 

21.05.2014 - 12:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа