Дачиќ: Разговорите со Тачи се статусно неутрални

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека пред денешната владина седница, закажана за попладне, телефонски ќе разговара со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон, која посредува во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

- За нас е многу важно некој случајно да не протолкува дека она што ние сега го договараме има некое значење во поглед на статусното прашање, изјави синоќа Дачиќ за ТВ Б92.

 

- Важно е да се потврди дека овие разговори се статусно неутрални, дека тие не прејудицираат некој иден статус, туку дека ќе ги продолжиме разговорите со претставниците на меѓународната заедница. Се договорив да се слушнам телефонски со Кетрин Ештон пред евентуалната седница на влада, тако што ќе имаме разјаснето некои спорни прашања, изјави Дачиќ.