Концерт на фолклорни друштва од Македонија и Хрватска

На сценатата на амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес вечер ќе биде организиран фолклорен концерт, кој е дел од содржините со кои се одбележува Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. На концертот ќе настапат домаќините, ансамблот „Керамичар“ од Велес, Културно-уметничкото друштво „Јегуновце“ од Јегуновце и фолклорни друштва од Хрватска. Влезот е слободен.

ФОТО: Дневник

најчитано сега