Заев се правда: Не сум имал мандат за да му се јавувам на Груевски

Златната акција на ВМРО-ДПМНЕ наречена Стевче Јакимовски мора постојано да ја докажува својата употребна вредност.

Коалицинерот на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош, а многу веројатно и во Собранието на РМ, ја лаже македонската јавност дека за време на локалните избори 2013 година, Зоран Заев му се јавувал на Никола Груевски за продолжување на рокот за кандидирање на тие избори.

Зоран Заев ниту му се јавил на Никола Груевски, ниту имал мандат од неговата матична партија тоа да го прави, бидејки во тоа време не бил претседател на СДСМ.

За ставовите на Зоран Заев при донесувањето на одлуките на органите и телата на СДСМ, говорат записниците во партијата, што недвосмислено потврдуваат дека тој безрезервно стоел и ги поддржувал сите одлуки на раководството пред и за време на локалните избори 2013 година.

Видлива е големата нервоза на Никола Груевски, по вчерашниот Конгрес на СДСМ, на којшто претседателот на СДСМ, Зоран Заев доби огромна поддршка да ја води партијата.

Груевски знае дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе ги открие до крај сите криминали на Никола Груевски, на припадниците на неговото семејство и неговите најблиски соработници и дека тоа ќе резултира со создавање услови за фер и демократски избори.

 

На тие избори, СДСМ ќе ја добие довербата од граѓаните на Република Македонија, којашто веќе постои.  

(Интегрален текст од писмено соопштение на СДСМ)

12.05.2014 - 13:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега