Лазаров: Горд сум на момците, одиграа добар ракомет против силна Австрија

 

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ги искажаа првичните свои импресии по нерешените 29:29 попладнево со Австрија.

– Можеме да бидеме и задоволни и незадоволни од ремито со Австрија, затоа што постигнавме гол во самиот финиш, но промашивме пенал за водство на две минути пред крајот. Тоа е спортот, тоа е ракометот. Горд сум на момците, одиграа добар ракомет против силна Австрија која знае што сака во секој напад. Задоволен сум, во репрезентацијата владее добра атмосфера. Ќе се обидеме против Катар да одиграме на ниво и покрај проблемите со повредени и болни во нашиот состав, рече Лазаров.

До крајот на денот ќе се одиграат другите две средби од првото коло во Групата-2 на Светското првенство 2025. Двојките се:

Катар – Холандија (18 часот) и

Унгарија – Франција (21 часот). 

21.01.2025 - 18:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега