Кире Наумов ја презентираше програмата "Промена за промени"

 

Денеска Кире Наумов ја презентираше својата концепт програма со наслов ПРОМЕНА ЗА ПРОМЕНИ.

- Ова е концепт програма, врз основа на која после втори јуни, во соработка со членовите на СДСМ и нејзините подржувачи, како и граѓаните на РМакедонија, ќе се изработи поконкретна,  подетална работна програма, врз која ќе се базира работењето и делувањето  на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во наредниот период, изјави денеска Кире НАумов на прес-конференција.

- Досега сите програми на СДСМ биле добро конципирани, но секогаш проблемот останувал во нивното спроведување и реализирање. Затоа концепт програмата е заснована пред се на прагматичност, а многу помалку на теоретски размислувања, со нови идеи присутни во европската социјалдемократија, адаптирана на предизвиците кои ги носи македонската реалност, додаде тој.

најчитано сега