"Го видов Исус, ме врати меѓу живите" - исповед на тинејџер кој за влакно и побегнал на смртта

14-годишниот Колтон Бурпо во минатото имал запаление на слепото црево, а состојбата му се искомплицирала, па за малку ќе умрел на операционата маса. Имено, на момчето кога имало три години, му се влошила здравствената состојба, а докторите ги предупредиле родителите дека кога детето ќе се оперира, за жал би можело да се случи и најлошото.

Кога нештата се искомплицирале, и тој престанал да дише за време на операцијата, лекарите едвај успеале да му го спасат животот. Момченцето си ја отвара душата и раскажува што доживеал во тие моменти.

- Седнав кај Исус, јавав коњи, се беше бело...вели момчето и додало дека зборувало и со прадедото кој умрел пред 30 години. Го видел и неговиот татко како се лути на Бог за тоа што се случува, и неговата мајка како очајно плаче. 

На сите им било неверојатно она што го зборува тинејџерот, но сега сите веруваат во тоа, па за него ќе се сними и филм.

Тој сега и преку Скајп комуницира со болни дечиња, ги бодри и им кажува каде би отишле ако згасне нивниот живот, и дека Господ секако ќе најде пат да им помогне.

 

09.05.2014 - 13:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега