Хаос во Белград: Чавки напаѓаат луѓе

Граѓаните кои живеат во Белград се жалат бидејќи чавки започнале да ги напаѓаат.

Белграѓани јажуваат дека птиците се страшни, кршат гранки, се залетуваат во луѓе, гребаат, клоцаат, испуштаат гласни крикови, напаѓаат дури и мачки.

„Одев низ улица и наеднаш почувствував удар во главата. Знаев дека е птица бидејќи ги слушнав крилјата. Помислив дека е случајно, но тогаш птицата повторно ме нападна. Неколку пати по ред ме удри со клунот во главата, врескајќи и мавтајќи со крилјата“, раскажала една белграѓанка.

„Веднаш ми текна на филмот на Хичкок. Многу се исплашив. Чавките како да ги фати некакво лудило“, додала таа.