ФОТО: Пијана Британка се сексала во авион додека патувала со родителите

Британка која била во алкохолизирана состојба, на авион на Virgin Atlantic на летот до САД се сокрила во тоалетот за да има секс со случајно сретнат маж во авионот, открива Daily Mail. 

Стјуардeсите и останатите членови на екипажот морале да интервенираат откако 20-годишната девојка, која летала со родителите, исчезнала со мажот кој седел покрај неа.

- Нешто се случуваше помеѓу нив. Отидоа во тоалетот и по кратко време патниците можеле да слушнат гласни тонови. Потоа екипажот ги открил младите во тоалетот и ја отворил вратата, по што девојката започнала да се расправа со стујардесите, раскажал еден од патниците. 

Како тоа да не им било доволно понижување, девојката морала остатокот од летот до Лас Вегас да го помине врзана со лисици за седиштето. По сослушувањето во полиција  била пуштена со предупредување. Одморот сепак ќе го помине со своите родители во туристичкиот рај за коцкари, Лас Вегас.

Ова е втор инцидент со жена на авионот на Virgin за недела дена. Претходниот беше откако Австралијанка беше уапсена бидејќи ја згрешила вратата на кабината со онаа на тоалетот, додека летала од Бризбен кон Бали. Екипажот помислил дека станува збор за обид за киднапирање.

07.05.2014 - 17:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега