Велешката полиција го одбележа 7-мај

СВР Велес денеска го одбележа Денот на македонската полиција - 7 Мај.

Заменик началникот на СВР Велес Стеве Димитриевиќ информира дека во делот на криминалитетот минатата година регистрирале 11 проценти помалку кривични дела во однос на 2012 година.

- СВР Велес е сектор со најмалку регистрирани кривични дела. Малолетничката деликвенција во 2013 во однос на претходната година бележи намалување од 10 проценти, информира Димитриевиќ.

Од областа на јавниот ред и мир има намалување на регистрираните прекршоци во однос на 2012 за 13 отсто, што, според него, овозможило обезбедување стабилен јавен ред и мир во општината. Активностите на полицијата биле насочени кон намалување на репресијата и засилување на превенцијата.

Во делот на сообраќајот, активностите кои ги превзема СВР Велес, Димитриевиќ истакна дека особено внимание било посветено на патните правци со поинтензивен сообраќај, како и места каде според статистиката се случени потешки сообраќајни несреќи.

- Во однос на 2012 година, има благо зголемување на регистрирани сообраќајни несреќи во општина Велес за 4,3 проценти. Наша задача ќе биде и во иднина да продолжиме да работиме на високо професионално ниво со цел зачувување на стабилната безбедносна состојба и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, нагласи Димитриевиќ.

07.05.2014 - 15:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега