Жерновски: Каде исчезна Тодоровиќ?
Каде исчезна Тодоровиќ и зошто се крие. Ова прашање денеска јавно на плоштадот во Скопје го постави кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на опозицијата Андреј Жерновски.
-Го повикавме Тодоровиќ да каже дали ќе се натпреварува. Ги посетивме сите негови штабови но беа затворени. Се отстрануваат неговите билборди. Зошто тогаш служи овој круг на гласање?- праша Жерновски.
Според него, рингишпилот е синоним за панаѓур.
-Многу споменици Тодоровиќ ги постави кога беше јасно дека е поразен. Добро е тоа што има уште само четири дена кога народот ќе стави крај на ова обезличување- нагласи тој.
Со него денеска, на прес конференцијата беше и Радмила Шеќеринска, која рече дека спомениците се фрлени пари, и додаде дека и изборите в недела се фрлени пари, за како што рече да се тестира волјата на граѓаните по трет пат.