Македонски шверцер падна во Хрватска

Македонски државјанин е уапсен синоќа на српско-хрватскиот граничен премин Бајаково поради шверц на цигари.

Хрватската полиција соопшти дека синоќа околу полноќ при преглед на неговото возило фолксваген кади со бугарски регистарски ознаки биле пронајдени 990 кутии цигари.

Четириесет и четиригодишниот македонски државјанин е привремено притворен во полициската станица во Вуковар.

07.05.2014 - 12:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега