Уставниот суд ја разреши премиерката на Тајланд

 

Уставниот суд на Тајланд денеска донесе одлука за разрешување од должноста на актуелниот в.д. премиер Јинглук Шинаватра, поради злоупотреба на функцијата во 2011 година, јави тајландската државна телевизија.

Премиерка е обвинета за противуставно поставување на нејзина блиска соработничка на висока државна позиција.

Одлуката на Уставниот суд уште повеќе ја усложни состојбата во Тајланд, кој веќе шест месеци се соочува со нестабилна политичката состојба поради демонстрациите на опозицијата.

Аналитичарите проценуваат дека денешната одлука на Судот дефинитивно ќе значи одлагање на повторените општи избори, закажани за во јули.

07.05.2014 - 10:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега