Таравари со осуда за обидот за рушење на училишната зграда во Крушево: Што е поправедно – казино со дозвола или училиште без дозвола?
Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, остро реагира „на обидот за рушење на училишната зграда што ја изградија жители Албанци во селото Нерово во општина Крушево“, нагласувајќи дека во ерата на „политичките сапуници“ токму народот е заборавен.
„Како партија сме трогнати и сме на страната на жителите на село Нерово и нивната кауза. Во недостиг на училиште тие самите си изградија објект – благороден и редок чин“, реќе Таравари.
Тој изразува загриженост поради фактот што државните органи презеле чекори за уривање на училиштето со образложение дека е изградено без дозвола.
„Ги замолуваме надлежните органи да не го уриваат ова училиште! Го изградија родители за нивните деца“, нагласува Таравари.
На крајот од својата реакција, Таравари поставува директно прашање кое брзо се шири во јавното мислење:
„Што е поправедно? Казино со дозвола или училиште без дозвола?“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа