„Презиме“ на Миле Кузмановски ја освежува македонската музичка сцена

 

...МОЖАМ ДА ТИ ДАДАМ СЕ,

САМО НОЌВА НЕКА ПОТРАЕ

МОЖАМ ДА ТИ ДАДАМ СЕ,

ДА ТЕ ЧУВАМ КАКО ОЧИВЕ

МОЖАМ ДА ТИ ДАДАМ СЕ, УБАВИЦЕ

ЦЕЛА ЉУБОВ ЗА ТЕБЕ

САМО НЕ И ОВА МОЕ ПРЕЗИМЕ...

 

Е рефренот на новата песна ПРЕЗИМЕ на Миле Кузмановски. Песната е вистинска приказна на двојка чија што љубов е забранета, песна во која секој може да пронајде дел од себе си, своето минато, сегашност. Во неа е испеана вистинска љубов, во ритам и стил претпознатлив за фолк пеачот Миле Кузмановски.

Текстот, аражманот и музиката се на Александар Митевски-Торус Продукција, а спотот е дело на Марјан Огненовски-Фабрика Продукција.

Спотот се снимаше на локација Сопиште, ресторан Мулино, а главни ликови се Ључо Крстев и Јелена Тасиќ. Во спотот се појавува и едно прекрасно куче-Мекс, како симбол на верност и приврзаност. 

05.05.2014 - 20:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега